x

Шокантна изјава на Мамиќ: Би работел во Партизан или Ц. Звезда!

mamic-novak

Здравко Мамиќ е “таткото“ на современиот Динамо Загреб, убедливо најдобриот клуб во екс- СФРЈ во последните три децении. Како што е познато, тој во моментов е во бегство во БиХ, но Мамиќ кој од Динамо направи институција, секогаш е интересен за медиумите.

Па така тој во едно од последните свои интерјвуа даде шокантна изјава, која нема да им се допадне на хрватските националисти.

Нема никаква причина утре да не почнам со работа во Партизан или Ц. Звезда, тие клубови се за мене институции. Кога не би бил во Динамо, кога не би имал нешто подобро, и кога на пазарот би дошло таква понуда, за мене тоа би било голема привилегија. Во Хрватска си имам проблеми поради ваквите мои ставови, но не сакам да бидам во иста колона со луѓе кои сатанизираат други нарори. Мамиќ не е таков“ потенцираше првиот човек на Динамо Загреб.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата