x

Шокантна завршница на Мундијалот: Холандија со гол во последната секунда, до светското злато

Неверојатен финиш во финалето на женскиот ракометен Мундијал во Јапонија, и светско злато за Холандија. Неверојатно финале во кое Холандија во текот на целиот меч водеше, имаше и плус пет, но Шпанија полека ја топеше разликата за на крај да стигне до нерешено, и до напад за победа. Тука се случи клучната улога.

Шпанија шутираше, голманот на Холандија одбрани, и во миговите кога ја фрли топката за контра напад, Хернандез ја блокираше. Таа доби црвен картон, и седмерец за Холандија. На крајот реализиран седмерецот за 29:30 за „лалињата“.

За Холандија ова беше прва светска титула.

Во битката за третото место, Русија ја совлада селекцијата на Норвешка.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата