x

Шкупи оди на проверено, се враќа Умит Каран

umit-karan

Откако утринава тимот на Шкупи, остана без тренер односно се раздели со Муарем Бајрами веднаш почнаа шпекулациите кој ќе го наследи.

Спортмедиа дознава дека на местото тренер на Чаирчани, се враќа поранешниот нивни стратег, Турската фудбалска легенда Умит Каран кој веќе одработи еден мандат на Чаир.

Сега, очигледно дека Турските газди на клубот сакаат да одиграат на сигурна карта што се вели и го враќаат Каран за тренер.

Тој според нашите информации би требало да се појави во Скопје, во текот на следните ден два, и да ја преземе екипата. Нема да му биде потребно премногу време за адаптација затоа што тој веќе еднаш беше тука, а и екипата која ќе ја раководи е горе долу онаа со која раководеше тој.

 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата