x

Шкупи обезбеди нов голман, потпиша со Артан Иљази

ФК Шкупи, во рамките на подготовките за следната фудбалска сезона, започна со формирањето на тимот и првите засилувања.

Како што потврдија од Чаир, денеска е постигнат договор со Артан Иљази, голман со добра перспектива, кој претходно го носеше дресот на Шкендија.

„За мене е чест што денес успеавме да ги крунисаме преговорите со Шкупи со потпишување договор. Секако, носењето на дресот на овој тим е чест и задоволство, гледајќи ја историјата на клубот, титулите што ги освои и имињата на играчите кои беа дел од овој клуб“, изјавил Иљази при потпишувањето на договорот.

Иљази и Шкупи потпишаа двегодишна соработка со можност за продолжување во иднина.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата