Филип Глигоров и официјално е претставен како ново засилување на Шкупи. Тимот од Чаир на својата официјална страница ги потврди најавите на СПОРТМЕДИА и му посака добредојде на фудбалот кој и порано настапуваше за овој тим.
Глигоров ќе биде вистинско засилување пред настапите на европската сцена. Тој во 2016 година беше дел од Шкупи, а потоа се селеше и во Романија, Босна, Силекс, последно настапуваше во Албанија во таборот на Влазнија.