x

Шкотска ги расплаче Србите и по 24 години ќе игра на ЕП

skotska-ep

Србија повторно нема да игра на Европско првенство откако вечерва прокоцка убава шанса да се пласира на континенталното натпреварување. На „Рајко Митиќ“ во Белград српските фудбалери загубија од Шкотска во пенал рулетот (6:5) откако во регуларниот дел и по продолженијата беше 1:1. Шкотска поведе со голот на Рајан Кристи во 52 минута, а изедначи Лука Јовиќ во 90-тата.

Во пенал-серијата сите погодуваа и се дојде до 5:4 за Шкотска. И тогаш шкотскиот голман Маршал му одбрани пенал на Митровиќ и ја однесе својата репрезентација на ЕУРО по пауза од 24 години (последен пат играа на ЕП 1996).

Србија веќе 20 години не може да стигне на ЕП. Последен пат настапи под Србија и Црна Гора на ЕУРО 2000 во Белгија и Холандија.

А на еврошампионатот оди и Словачка која вечерва ја совлада Северна Ирска во гости со 2:1 по продолженијата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата