x

Шкендија само до 1:1 со „лавовите“ кои не искористија и пенал!

Шкендија попладнево на Градскиот стадион под Шара, во вториот пријателски меч ова лето, одигра 1:1 против Македонија ЃП. Тоа беше интересна средба со шанси на двете страни, со голови и неискористен гол. Тетовци поведоа со голот на Кривак во 35.минута, додека “лавовите“ израмнија со погодокот на Филип Петров во 44.минута. Да напоменеме дека во 23.минута при резултат 0:0, гостите од Скопје не искористија пенал.И во двете екипи настапија повеќе фудбалери.

Кај составот од Ѓорче свое деби имаа голманот Стефковски и Стошиќ, а да кажеме дека на овој натпревар свое деби на клупата имаше стратегот Жикица Тасевски. Тој дојде во Македонија ЃП уште во март, но поради корона паузата дури денеска имаше можност да го води за првпат својот тим, па макар и на пријателски натпревар.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата