x

Шкендија на “мускули“ до триумфот, стрелаше Ибраими (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ga-1

На Шкендија, во меч од 3.коло во ПМФЛ, и требаа цели 86.минути за да го урне бедемот на Македонија ЃП. Сепак реално тетовци беа подобри, имаа далеку повеќе од играта, неколку зицери, но победата од 1:0 ја крунисаа во 86.минута со голот на Бесарт Ибраими од пенал.

Бесарт го постигна 168 гол во ПМФЛ, конечно погоди по 265 денови и по цели осум мечеви пост.Токму на време, имено во четврток Шкендија игра во квалификациите во Лигата на Европа против Сумгаит.

“Лавовите“ попладнево одиграа на бод, зихерашки што би се рекло, но не можеш да очекуваш против Шкендија дека на крајот ќе извадиш 0:0.. Мора да дадеш барем еден гол ако сакаш барем бод.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата