x

Шкендија и Штип со победи го заокружија 5. коло

ok-stip

Одбојкарите на Шкендија и Штип УГД Штип забележаа победи во последните два меча од 5. коло од нашата најсилна одбојкарска конкуренција. Тетовските одбојкари беа поуспешни од Јанта волеј со 3:0 (25:15, 25:16 и 25:14) со што го прославија четвртиот првенствен триумф и останаа на посакуваното четврто место на табелата.

Штипјани, пак, напредуваа од шестото на петтото место откако беа подобри од Весна Пробиштип во локалната пресметка, исто така со 3:0 (25:20, 25:23, 25:12). Со оглед дека има три победи досега, идентично како ГОК Борец, а во споредба со велешани за нијанса подобар сет-количник, тимот на Штип УГД Штип сега е петтопласиран.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата