x

Шкендија денеска во Гостивар стартува со контролите

Откако беше одложен дуелот со Вардар Форино, и тоа поради ненаправените Ковид-19 тестови, Шкендија денеска ќе ги стартува контролните мечеви, и тоа против Гостивар. Овој пријателски меч се игра со почеток во 17 часот и тоа на стадионот во Гостивар.

Тоа ќе биде прв тест за Шкендија ова лето, инаку тетовци и ова лето ќе ја претставуваат Македонија во фудбалска Европа, и тоа во квалификациите во Лигата на Европа.

Инаку и за Гостивар, кој осетно се засили со Кировски, Стојкоски, Настевски, Љамчевски, ова ќе биде прва контрола во текот на летните подготивки. Инаку Гостивар се споменува како еден од најсериозните кандидати за највисок пласман во Втората лига – запад.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата