x

Шкендија гостува во Велес, во градот каде што во август беше понижена

Шампионот денеска, во рамките на 22.коло гостува во Велес, каде што се среќава со „фенерџијата“ Борец. Пред денешниот дуел секако дека Шкендија има големи мотиви да победи. Не само да ја намали разликата во однос на Вардар, туку сака и одмазда за тоа што се случи на 31 август минатата година, кога просто беше понижена и загуби со 0:1 од Борец. Велешани тогаш славеа со голот на Прелчец во 80. минута. 

За денешниот меч тренерот на тетовци Ернест Ѓока речиси и да нема никакви проблеми во однос на составот. Се враќаат Агим Ибраими, Гледи Мици и Арлинд Далку. Ќе смета и на Костадин Захов, Мевљан Мурати, Омар Имери и Бесарт Ибраими, кој на куп дуелот со Работнички на стартот од мечот беа на клупата. Тоа значи дека Ѓока ќе смета на најсилниот состав, единствено поради пет жолти картони ќе го нема Енур Тотре.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата