x

Шишковски со одлично деби на голот на Докса!

siskovski-debi

Дамјан Шишковски, нашиот репрезентативен чувар на мрежата го одигра својот прв натпревар во дресот на Докса, тим од елитната лига на Кипар. Неговиот тим, за кој настапи и Душко Трајчевски,му гостуваше на силниот Аполон, а Шишко беше еден од најзаслужните што Докса остана непоразена, крајниот резултат беше 1:1.

Ова беше натпревар од првото коло во шампионатот на Кипар, а популарниот Шишко покажа дека ќе биде големо засилување во таборот на Докса. Ова е добра вест и за селекторот Игор Ангеловски, во пресрет на септемврискиот циклус во Лигата на Нации. Да потсетиме дека Дамјан Шишковски на почетокот на минатиот месец направи трансфер од Работнички на Кипар.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата