За Шишкарев играњето во Вардар е прво интернационално искуство и од 2014 година тој е член на најтрофејниот македонски ракометен клуб. Како дел од тимот освои две шампионски титули во Македонија и двапати беше победник на СЕХА Гапром лигата.

Во пролетниот дел од сезоната на неколку натпревари Шишкарев, покажа извонредна игра постигнувајќи серија на важни голови, и првпат со Вардар, а вторпат во кариерата ќе игра и на Ф4 турнирот во Келн, во Лигата на шампионите. Сезонава постигна вкупно 30 голови во натпреварите од елитното натпреварување, од што пет на последниот четвртфинален натпревар против Фленсбург во СЦ “Јане Сандански”

Претгодно упрвата на Вардар ги продолжи договрите со специјалистот за одбрана Илија Абутовиќ, за уште три сезони, црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан ќе го носи “црвено – црниот” дрес до 2021 година, а Хрватот Игор Карачиќ ја прдолжи соработката за уште две сезони.

Во тимот од наредната сезона ќе го нема Шанецот Алекс Душебаев, кој се сели во полскиот шампионат Киелце, а на негово место доаѓа Летонецот Кристопанс од Мешков Брест. Се уште не е решена ситуацијата со средниот бек Лука Циндриќ, за кого се шпекулира дека исто како Душебаев ќе го засили Киелце.

Вардарци сезонава за прв пат ќе играат на завршниот турнир во Лигата на шампионите (3 – 4 јуни) во Келн, а противник во полуфиналето ќе им биде Барселона, за која настапуваат македонските репрезентативци Кирил Лазаров и Борко Ристовски.