x

Шифрин со втор триумф во Банско

Американката Микаела Шифрин ја запиша втората победа во Банско во рамките на три дена. 24-годишната специјалистка во технички дисциплини продолжува да воодушевува со формата и перформансот, а денеска триумфираше во супервелеслаломот од Светскиот куп во бугарскиот зимски центар поставувајќи време од 1:10.88 минути.

Тоа беше втор триумф на Шифрин во Банско оваа сезона откако во петокот беше најдобра во првото од двата спуста (во вториот беше четврта).

Денеска на второто место заврши Марта Басино со 29 стотинки послабо време од тоа на Шифрин. На третото место се пласира Лара Гут-Бехрами со 70 стотинки послабо време од победничката.

Шифрин ја забележа 66 победа во кариерата во Светскиот куп, а четврта во супервелеслалом.

Шифрин е прва во генералниот пласман (1225 бодови), втора е Брињоне (855 бодови).

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата