Металните жардињери се заменети со жардињери изработени од пресуван гранит и мелен мермер кои се автентични со плочникот на Широк сокак.

– Новата урбана содржи 25 нови урбани корпи за отпадоци, 100 нови жардињери со различни цветни аранжмани и украсен камен на дрворедот. Цвеќиња се поставени и на канделабрите со што се овозможи еден нов дизајн на Широк сокак. Со екипи на ЈП „Комуналец” извршено е и уредување на просторот пред Дом на АРМ кој очекуваме со новата урбанистичка документација и да понудиме ново современо решение во овој дел на градот, посочи градоначалникот на општина Битола Владимир Талески.

За поставување на новата урбана опрема на Широк Сокак, општина Битола и ЈП „Комуналец” вложија еден милион денари, посочи Зоран Соклевски, директор на ЈП „Комуналец# – Битола.