x

Ширле „раскина“ со Дортмунд, следна станица – БЕНЕВЕНТО!

Светскиот шампион со Германија од 2014 Андреа Ширле стана слободен фудбалер откако взаемно го раскина договорот со Борусија Дортмунд. „Милионерите“ не сакаа да го продолжат договорот со искусниот фудбалер, поточно едвај чекаа да се ослободат од него. Ширле играше како позајмен во Спартак Москва кој не сакаше да го откупи договорот.

А за некогашниот фудбалер на Челзи моментално е заинтересиран Беневенто. Италијанскиот клуб се враќа во Серија А од идната сезона и веќе крои тим со искусни фудбалери. Веќе го договори францускиот фудбалер Лоик Реми, потоа полскиот репрезентативец Камил Глик од Монако, а сега го сака и Ширле. Да потсетиме дека на списокот на овој клуб е и Илија Несторовски од Удинезе.

Беневенто не сака да си помине како претходниот пат кога играше во Серија А. Влезе неспремен и испадна уште во првата сезона меѓу елитата.

Тренер на Беневенто е Филипо Инзаги.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата