x

Ширер: Не сум сигурен дека Арсенал ќе опстане во лига. Ужасни се…

alanshearer-scaled-e1583242602648-1024x683

Арсенал вчера загуби од Евертон со 2:1, па така го оствари својот најлош старт во последните 46 години во историјата на клубот. Екипата на Микел Артета изгледа потполно загубено, се наоѓа на 15. место на табелата, со само четири бодови од зоната на испаѓање и со два меча повеќе.

Во студиото на ББС гостуваше прославениот Алан Ширер, и на прашањето дали Арсенал ќе избори опстанок оваа сезона тој одговори…

Па, не сум сигурен. Со ваков почетен состав и со ваков став каков што го има, мислам дека нема. Ужасни се. Нема креативност, играчите не се трудат, не си помагаат меѓу себе. Артета мора да се запраша дали навистина може да смета на овие играчи. Со ваква игра сигурно е дека нема да се спасат“ смета Ширер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата