Партијата на јапонскиот премиер Шинзо Абе убедливо победи на парламентарните избори.

Како што јавуваат медиумите Либерално-демократската партија на Абе и нивниот помал партнер Комеито добиле двотретинско мнозинство во Долниот дом на парламентот.

Кога премиерот повика на предвремени избори, рече дека сака нов мандат за неговата економска програма. Големите снежни врнежи влијаеја на излезноста на гласачите, па така излегоа само 35 проценти од нив.

Абе ја презеде функцијата пред две години, ветувајќи дека ќе ја заживее економијата.