Високиот претставник на меѓународната заедница во БИХ , Кристијан Шварц Шилинг вчера соопшти дека го поништил изборот на Владата на Федерацијата, бидејќи изборот бил избрзан , но и петмина од кандидати за министри не ја минале потребната проверка. Одлуката за сузпензија на изборот , Шилинг му ја испрати на претседавачот на Претставничкиот дом на Федерација Сафет Софтиќ, кој завчера ја именува новата влада на чело со несудениот премиер , Неџад Бранковиќ. Сакал или не,Софтиќ мораше да ја прифати одлуката за што ја информира јавноста во Босна и Херцеговина.
Процедурата не ја минале следниве предложени: министерот за финансии Вјекослав Беванда, министерот за бегалци и раселени лица Един Мушиќ, за образование и наука Мелиха Алиќ, за правда Феликс Видовиќ и министерот за внатрешни работи, Фадил Јагањац.