Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска изјави дека засега нема информации кога ќе се изврши инспекциски надзор за објектот што се гради кај трговскиот центар „Мавровка“.

Шилегов информира дека инспекциските служби на Град Скопје извршиле увид на градилиштето, потоа бил составен записник и на 9 јули 2020 година го известиле Инспекцискиот совет за, како што рече, аномалијата што ни се јавува и тоа е нешто што можеме да го направиме. Соопшти дека вчера добил известување од Инспекцискиот совет дека е дадено задолжение за заеднички инспекциски надзор на Државниот инспекторат и Општина Чаир. Шилегов изјави дека сега за сега нема инфорамции кога ќе се изврши тој инспекциски надзор.

Град Скопје нема никакви ингеренции во градежната инспекција. Оние малку ингеренции што ги имаме за надзор на градилиште и тој тип на надлежности ги искористивме со цел да направиме записник за тоа градилиште, да изречеме казна на несовесниот градител и за тоа соодветно да ги известивиме надлежните институции. Тоа се Општина Чаир, дека станува збор за дивоградба со оглед на тоа што нашиот Инспекторат не најде валидна документација, Инспекцискиот совет како надзорен орган кој врши надзор врз градежната инспекција на Општина Чаир и МВР, Сектор за економски криминал, рече Шилегов во Градскиот парк. Додаде дека тука некаде завршуваат ингеренциите што ги има како градоначалник.

Шилегов информира дека има идеја, веќе се работи на преточување на текст и, како што рече, ќе ја чека новата Влада, за конечно Градот Скопје да ги добие сите инспекцикси надзори.

 Доколку е возможно, сега веројатно и тоа ќе биде дел од политичките разговори, на општините да им се одземат ингеренциите на градежниот инспекторат и тие да му бидат дадени на Град Скопје со цел да воспоставиме како таква контрола, рече Шилегов.

Тој смета дека граѓаните оправдано реагираат, се загрижени за „урбаното дивеење во делови од градот“ и така ќе имаат контрола на работата на инспекциските служби во рамки на Град Скопје. Според Шилегов, мора да биде воспоставен баланс меѓу Град Скопје и општините кои се дел од Градот за да се спречат ваков тип на појави.

Прашан колку дивоградби има во Скопје кои треба да се урнат, Шилегов рече дека нема таква проценка и додаде оти има сериозно непочитување на законската регулатива при грaдба на определени објекти. Тој најави дека на новата влада и на новото парламемнтарно мнозинство ќе им предложи за односот меѓу скопските општини и Град Скопје.

 Мора некако да ги измешаме луѓето. Да не бидат локални луѓе на едно место и да не биде истиот орган што издава одобрение, да го врши надзорот. Тоа е една неприродна ситуација и на тој начин ќе биде воспоставена целосната контрола и ќе имаме евиденција на проблемот, посочи Шилегов.

Според него, не е благодарно да се каже каде има најмногу дивоградни и додаде оти ќе се залагаат, како што рече, да ги разбудат другите државните органи да почнат да си ја работат својата работа. Според него, инволвирани се МВР, ЈО, државни инспекторати, инспекторат на општина