И Шилегов контра Заев во ставот за Втората светска војна. Администрацијата за која зборува Заев за Шилегов нема дилема дека е окупација.Ова го потврди Шилегов  по денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашње.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов рече дека не се согласува со изјавата на премиерот Зоран Заев дека Бугарите го ослободиле Скопје и дека биле администрација за време на Втората светска војна.

Јас немам двојба, Бугарската војска во Македонија како окупаторска е дојдена пролетта 1941 година и како таква останува тука до моментот на капитулацијата на Бугарија во 1944 година. Потоа се трансформирала и учествувала во борбите за ослободување и на територијата на сегашна Македонија и на тогашна Југославија – рече Шилегов.