„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е победен“, соопшти на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Се гледаме од утре во секојдневните активности. Ви благодарам на сите за несебичната поддршка и убавите мисли и желби во изминативе 16-17 дена.Уште повеќе благодарам на оние кои и не баш имаа такви мисли и желби“, напиша Шилегов.

извор: Makfax