Лидерот на Српската радикална странка Воислав Шешељ боледува од хемангиом на црниот дроб (бенингнен тумор), соопштија лекарите на Трибуналот. Лекарскиот тим на СРС, меѓутоа бара од Хашкиот суд да се направат дополнителни анализи за да се утврди точната здравстена состојба на нивниот лидер. Тие сакаат да бидат сигурни дека туморот не е малигнен за што би било потребно итно лекување.