x

Шефер: Ми падна жал кога фудбалерите на Камерун одбија да играат на СП 2002

Германскиот тренер Вини Шефер се присети на периодот кога беше селектор на Камерун и откри како неговите играчи не сакале да одат на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја. Откри дека тогаш затегнати биле односите на релација играчи и раководството на сојузот.

Тоа беше бурно време, а се сеќавам на СП во Јапонија и Јужна Кореја отидовме со пет дена задоцнување затоа што министерот за спорт не сакаше на фудбалерите да им ги исплати ветените бонуси заработени во текот на квалификациите. Тоа беше смешно но и жално. Навистина ми падна жал затоа што тие момци го исполнија она што се бараше од нив, а не добија ништо од тоа што им беше ветено. А најмногу профитираа Германците бидејќи како првопласирани во групата отидоа во осминафиналето. Едноставно дојдовме неспремни и ментално скршени. Тие надворешни услови се голема препрека во посиромашните земји“, вели Шефер.

На пријателскиот меч против Германија во 2004 година фудбалерите се облекувале во автобус.

Во 17 часот, три часа пред почетокот на натпреварот се сретнав со играчите во хотелот, а тие ми рекоа дека не сакаат да играат и се повлекоа во своите соби. Мислев дека е некоја шега, но тие повторно не биле платени. Прво контактирав со ФС на Германија и побарав од нив да контактираат со нашиот претседател, а знаев дека во тој момент се на заедничка вечера. Не можеше да помогне затоа што министерот не му се јавуваше на телефонот, а на крајот човек од компанијата Пума, нашиот главен спонзор, ги убеди играчите дека ќе пушти пари. После се, тие се качија во автобусот и на пат кон стадионот се облекуваа“, додава германскиот стратег.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата