СВР Струмица поднесе шест кривични пријави против Р.М. (49), Ј.М. (29), М.П. (32), Ф.Б. (40), Д.Ѓ. (68) и В.Ј. (26), сите од струмичкото село Баница, за сторени шест кривични дела кражба на електрична енергија, топлинска енергија и природен гас. На 23 јули годинава во селото Баница, при редовна техничка контрола од страна на вработени во ЕВН Македонија било утврдено дека пријавените неовластено користеле електрична енергија, односно извршиле приклучување на своите домови директно на електрична мрежа, без да поседуваат електрични броила.