Една девојка од Тексас го оставила своето момче кое ја изневерувал, во текот на славеничкиот говор за својот 22-ри роденден.

Тијана Переа од Хјустон ги открила пораките кои нејзиниот партнер ги испраќал на друга девојка и чекала совршен момент да ја заврши нивната врска.

Снимката на јавното раскинување, таа ја објавила минатата недела на Твитер, а досега ја прегледале над шест милиони луѓе.

“Дали е ова исправно кога вашето момче ќе ве изневери?”, напишала Переа покрај снимката, која почнува така што нејзините пријатели се собираат околу масата и се припремаат за роденденска здравица.

Сантос, не знаејќи што го чека, стои зад неа и се смее, но тоа брзо се променило. По текилата, Тијана започнала да им се заблагодарува на сите присутни на нејзината забава, а потоа нејзиниот говор отишол во неочекуван правец.

“Би сакала да му се заблагодарам на Сантос што ми помогна да сфатам дека заслужувам многу подобро”, изјавила таа. “Бидејќи баш секоја личност тука знае дека си пробувал да имаш секс со неа. Сите имаме докази… Си ѝ испраќал секс пораки и видео снимки”.

 

Сантос останал уште пошокиран кога таа почнала да открива детали од пораките: “Буквално си ѝ ја испратил истата фотографија која мене ми ја испрати денеска”, кажала Тијана.

Во тој момент на снимката се гледа и нејзиниот брат кој носи црна торба со работите на веќе поранешното момче на својата сестра.

“Во случај да не сфати, ние завршивме и можеш да о*ебеш оттука”, му рекла девојката и му ја покажала влезната врата. Додека излегувал од домот, друштвото навивало, а снимката започнала вирално да се шири на социјалните мрежи.