x

Шест клуба од Серија А немаат дадено плата од јануари

Авторитетниот италијански весник „Ла Република“ тврди дека најмалку шест клубови од Серија А не им исплатиле плата на своите фудбалери почнувајќи од јануари, бидејќи продолжува кризата по пандемијата со коронавирусот, но и дебатата околу намалувањето на платите во услови на криза.

Неколку екипи постигнале договори за намалување на платите за време на пандемијата, вклучувајќи ги Јувентус и Рома, но други се борат да најдат заедничко решение.

Играчите сакаат да бидат сигурни дека доколку прифатат кратење на платите, тие пари одат за помош на други вработени во клубовите или како дел од фондот за придонеси за полупрофесионалните и женските тимови.

За време на овие преговори, „Ла Република“ тврди дека најмалку шест клубови во Серија А ги замрзнале платите од јануари.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата