x

Шест американски пливачки поднесоа тужби за сексуално злоставување

Шест поранешни американски пливачки поднеле граѓански тужби против Американската пливачка федерација, со обвинение дека телото за заштита на пливачите не ги заштитило од сексуална злоупотреба на тројца тренери.

Дебра Гроденски, Сузет Моран и Трејси Палмеро, заедно со уште три пливачки кои останаа анонимни, поднесоа три тужби овој месец, тврдејќи дека Федерацијата не успеала да ги заштити од сексуална злоупотреба на поранешниот тренер на американската репрезентација Мич Ајви, поранешниот директор на националниот тим, Еверет Учијама и поранешниот тренер Ендру Кинг.

Во тужбите се тврди дека Пливачката федерација, вклучително и поранешниот извршен директор Чак Вилгус и другите високи функционери, биле свесни за „предаторското“ однесување на тројцата, но одбиле да ги заштитат пливачките, што придонело за нови десетина други случаи на сексуална злоупотреба и вознемирување.

Освен Кинг кој беше уапсен во април 2009 година и осуден на 40 години затвор за вкупно 20 обвиненија за злоупотреба на деца, Учијама и Ајви не завршија на суд.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата