Синоќа во 20.45 часот било пријавено дека на автопатот Штип – Скопје, после клучката „Преод“, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „хонда сивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(46) од Скопје и „хонда џез“ со скопски регистарски ознаки, управувана од Г.Ј.(34) од Скопје.

Во несреќата со тешки повреди се здобиле сопатниците од возилото „хонда џез“, М.Ј.(32) и четиригодишно дете, а со телесни повреди се здобил возачот Г.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле и возачот И.И. и сопатниците В.И. и З.А. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

извор: Makfax