Шестмина се повредени при експлозија на автобус во Белград. Според тамошните медиуми, експлозијата се случила изутринава околу 11 часот во белградската населба Дедиње.

Според дел од медиумите, повредени се жени на возраст од 58 до 77 години. Во автобусот имало и мајка со двомесечно бебе. Повредените веднаш се пренесени во болница.

Првично се смета дека експлодирала боца за компресија на воздухот, а од силниот тресок се скршило и страничното стакло на задниот дел од автобусот.

извор: Makfax