Шест осудени лица беа убиени во судирот на ривалските групи во затвор во централната мексиканска држава Морелос, меѓу кои и поранешниот лидер на криминалната банда за која се сомнева дека е одговорна за исчезнувањето на 43 студенти во 2014 година.

Две осудени лица се повредени во судирот и биле пренесени со хеликоптер во блиската болница, објави „Ројтерс“.

Припадниците на полицијата, армијата и Националната гарда беа испратени во затвор каде, според надлежните, контролата е целосно воспоставена.

Меѓу убиените е и Рејмундо Исидро, поранешен лидер на криминалната банда „Герерос унидос“ во Морелос.

извор: Makfax