Шеснаесет затвореници беа убиени, а уште петмина се ранети во нереди кои избија во затвор во северната мексиканска држава Закатекас.

Во таа држава ќе бидат засилени безбедносните мерки по инцидентот во затворот Варонил, пренесе „Ројтерс“.

Во мексиканските затвори има бунтови и насилства што често завршуваат со смртен исход.

извор: Makfax