Додека се сончала на плажата и уживала во “плиткото”, познатата убавица не се оптоварувала со тоа што телото не ѝ изгледа совршено затегнато како од времето кога го снимала “Ниски страсти”, што не е ни возможно.

Секој што ги видел најновите фотографии на Шерон Стоун од одмор, забележал колку добро славната актерка изгледа во бикини.

Додека се сончала на плажата и уживала во “плиткото”, познатата убавица не се оптоварувала со тоа што телото не ѝ изгледа совршено затегнато како од времето кога го снимала “Ниски страсти”, што не е ни возможно, а тоа го нагласила и во интервјуто кое го дала во 2015-тата година, кога се сликала гола за списанието Harper’s Bazaar.

Свесна сум дека задникот ми е опуштен, но не се обидувам да бидам најубава жена на светот. Во еден момент се прашувате: што е навистина секси? Тоа не се само вашите гради, туку и да бидете присутни и да се забавувате и да си се допаѓате самите на себе доволно”, изјавила тогаш убавата Шерон.