Актерката Шерон Стоун е решена внимателно да одбере маж бидејќи сака тој да биде добар татко на нејзините посвоени синови.
– На Роан (6), Лаирд (1) и тримесечниот Куин им треба добар татко на кој ќе се угледаат и ќе им биде репер во животот, ќе ги сака и воспитува – вели Шерон.
Актерката вели дека кога ќе запознае некој маж прво на што помислува е дали тој може да биде добар пример за нејзините деца и дали може да Ј помогне во одгледувањето на момчињата.