x

„Шек ми понуди 10.000 долари само за да се степам со Коби“

Поранешниот американски кошаркар Ајзеа Рајдер откри една анегдота од времето кога играше за Лос Анџелес Лејкерс.

Рајдер беше член на тимот од Калифорнија само една година, во сезоната 2000/01, а беше познат и како склон на испади. Бидејќи Шекил О’Нил и Коби Брајант беа во затегнати односи, силниот центар му дал на Рајдер интересна понуда.

„Кога дојдов кај Лејкерси, Шек ми рече дека 10.000 американски долари ме чекаат во соблекувалната ако се степам со Коби. Тоа беше трет ден од подготовките. Ако некогаш се закачиш со него, парите се твои, земи ги“, ми рекол Шек на Рајдер.

Рајдер призна дека бил шокиран.

„Не можев да верувам во тоа. Какви лудаци, си помислив. Но, знам дека веднаш ќе ме избркаа од тимот само ако еднаш кренев рака кон Брајант“, објасни тој.

О’Нил и Брајант, и покрај тоа што имаат три заеднички шампионски прстени во НБА, никогаш не беа во добри односи за време на своите кариери. Се смирија на крајот и потоа станаа добри пријатели.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата