Зборот е збор! Пред две и пол години ветивме членство во НАТО и тоа го испорачавме. За само две и пол години станавме членка на најмоќната воено-политичка алијанса, по 11 изгубени години, истакна носителката во петтата изборна единица, Радмила Шекеринска, од Охрид.

„Зборот е збор, истава година добивме почеток на преговори со ЕУ, по 11 изгубени години. За само две и пол години успеавме да станеме членка на НАТО, да почнеме преговори со ЕУ  да ги зголемиме платите и пензиите, трипати да ја покачиме социјалната помош и да ги враќаме парите кон граѓаните. За само две и пол години граѓаните повторно се слободни, а медиумите и критични и секогаш ослободени од притисок од власта. За само две и пол години успеавме нашата држава од изолирана да ја направиме сигурна, членка на најмоќниот сојуз. Повеќе не сме сами ниту во добро ниту во лошо“, рече Шекеринска.

Таа нагласи дека останувањето дома на денот на гласањето може да остане уште една неискористена шанса бидејќи со ВМРО-ДПМНЕ на власт Македонија во ЕУ нема никакви шанси.

извор: Makfax