Со изминатите 2,5 години покажавме дека можат да не критикуваат, можат да не плукаат, можат да ја лажат јавноста, но не можат да избегаат од фактот дека сме луѓе, партија, и влада која решава проблеми, која не бега од нив, која не бара оправдување, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска на Караванот на победничката коалиција „Можеме“ во Охрид.

„Минатата недела добивме најпосле нови униформи за секој припадник на нашата армија, обезбедивме за 2,5 години заради силната поддршка предводена од Зоран Заев комплетно нова реалност за нашата НАТО Армија, обезбедивме 50 до 60% повисоки плати за секој, обезбедивме нова униформа, обезбедивме нови чизми и ова во ниту една демократска држава на која сакаме да личиме ова не би било вест, ова е нормално ама кај нас не беше нормално оти 11 години тоа не успеаја да го направат, 11 години заборавија на армијата. Во моментот кога излеговме и кажавме еве и овој проблем го решивме, нови плати, поголеми плати, нови униформи, нови чизми рекоа ех се фалите со едни униформи. Па ако беа толку лесни да се решат како проблем имаа 4 пати повеќе време тоа да го направат, рече Шекеринска.

Носителката на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата Можеме во изборната единица 5 Шекеринска нагласи дека токму на вакви примери се гледа контрастот меѓу нив, кои решаваат проблеми и оние кои се жалат и бараат изговори.

„Единствено што можат да го обноват е само грдото лице на режимот и затоа овде од Охрид да им кажеме режим никогаш повеќе, таква обнова не ни треба“, нагласи Шекеринска и ги повика охриѓани да одлучуваат за својата иднина и да го дадат својот глас за бројот 3.

извор: Makfax