x

ШЕГА ИЛИ ВИСТИНА: Манчестер Јунајтед го сака Садик!

Најтрофејниот англиски клуб Манчестер Јунајтед се заинтересирал за напаѓачот на Партизан Умар Садик, пренесува шкотски „Сан“. Скаути на овој клуб го следеле напаѓачот на „црно-белите“ во дербито со Звезда на кое имаше неколку извонредни потези, а асистираше за победничкиот гол за својот тим.

Според „Сан“ скаути на Јунајтед уште двапати го гледале Садик оваа сезона и им оставил добар впечаток. Но за Нигериецот нема интерес само од Јунајтед. Наводно интерес пројавиле Баер Леверкузен, Борусија Менхенгладбах, ЦСКА Москва, Бешикташ и Милан.

Да потсетиме, пред да дојде во Партизан Садик беше член на Рома каде не се изнаигра.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата