x

Шведскиот селектор стана „технолошки вишок“, нема плата за април и мај

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шведска, Јане Андерсон, до крајот на мај нема да добива плата од фудбалската федерација на земјата. Раководството на Шведската фудбалска федерација привремено го „замрзна“ работниот однос на Андерсон во репрезентацијата, а направи и драстично намалување на платите на преку 90 свои вработени.

Во листата на оние кои ќе добијат помнали плати се селектори во повеќе возрасни категории.

Раководството на федерацијата соопшти дека „се чувствува одговорно за иднината на шведскиот фудбал и оваа мерка е преземена за да заштедат пари потребни за општата криза“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата