Во јануари, парламентот на Шведска по третпат ќе гласа за нов премиер, изјави спикерот во петокот, со цел да се стави крај на политичкиот застој и да се избегнат предвремени избори.

Парламентот веќе ги отфрли лидерот на социјалдемократите Стефан Лофвен и водачот на централно-десничарската партија Улф Кристерсон, а спикерот на парламентот не откри кого ќе предложи на 16 јануари.

„Редно време е Шведска да добие влада“, рече тој за новинарите.

Спикерот Андреас Норлен има уште два обиди да избере премиер кој ќе биде одобрен од парламентот. Тој рече дека доколку третото гласање не заврши со изборот на нов премиер, ќе се одржи и четврто гласање на 23 јануари. Доколку и тогаш не се изгласа нов премиер, следниот избор ќе се одржи најрано на 21 април.

извор: Makfax