Шведскиот главен епидемиолог Андерс Тегнел вели дека тој е охрабрен од податоците што покажуваат дека бројот на тешки случаи на коронавирус значително се намалил во последните неколку недели.

– Епидемијата сега се забавува, на начин на кој мислам дека мал број од нас веруваа пред една недела или повеќе – рече Тегнел

Тој вели дека дневните стапки на смртност од КОВИД-19, како и бројот на заразени на интензивна нега, од април постепено се забавува.

– Тоа е навистина уште еден знак дека шведската стратегија функционира. Можно е брзо да се забави инфекцијата со мерките што ги преземаме во Шведска – рече Тегнел.

Во последните неколку дена, бројот на заразени беше околу 100, а вчера беа регистрирани само 20. Бројот на починати вчера беше 10, но пред десет дена тој број беше  едноцифрен.

Стратегијата на Шведска за борба против коронавирусот очигледно се исплатеше, според зголемениот број меѓународни експерти, а здравствените власти на земјата се убедени во тоа.