Осомничениот за убиството на осумгодишното дете, кое беше турнато под шини на станицата во Франкфурт, очигледно немал идеолошки мотиви, соопшти швајцарската полиција во Цирих, пренесе ДПА.

За убиството осомничен е четириесетгодишниот Еритреец, кој сега е под психијатриска нега, а до јануари работел во циришката јавна транспортна компанија, но оттогаш е на боледување.

Мажот под возот ја турнал и мајката на момчето, но таа успеала да го избегне налетот на возот, додека нејзиниот син бил прегазен и загинал на самото место. Некои од сведоците на нападот на железничката станица во Франкфурт доживеале шок и им била укажана лекарска помош. Мајката на загинатото момче претрпела нервен слом.

Претходно медиумите пишуваа дека полицијата и натаму го истражува точниот мотив, но шпекулираа оти мажот сакал да се одмазди за напад врз негов сонародник, кој бил извршен во есен на 22 јули, кога Германец пукал од својот автомобил и повредил друг Еритреец, по што се самоубил.

извор: Makfax