x

Швајцарија ја стави цела украинска делегација во изолација, вечерва нема меч во Луцерн!

ukraina

Натпреварот од последното, 6. коло од групата 4 во Лигата на нации меѓу Швајцарија и Украина, кој требаше да се одигра вечерва во Луцерн е одложен, откако локалните здравствени власти ја ставија целата делегација на Украина во изолација поради големиот број заразени со коронавирусот.

„УЕФА не извести дека поради надлежната одлука на Одделот за здравство на кантонот Луцерн, според која целата украинска делегација е во изолација, мечот Швајцарија – Украина не може да се одигра“, велат од Украинската федерација.

Треба да се напомене дека и УЕФА и Украинската и Швајцарската фудбалска федерација беа подготвени да го одиграат натпреварот, но забраната од страна на локалните здравствени власти го направи тоа невозможно.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата