Додека целиот свет се бори со коронавирусот и недостаток на заштитна опрема како и респиратори, Швајцарија е преплавена со респиратори, а се акумулираат и залихи на заштитни маски.

Швајцарија има повеќе од 200 милиони маски, а некои нарачки допрва треба да пристигнат. Кантонските власти ги враќаат респираторите во федерацијата, а овие нема каде да ги чуваат или одржуваат. Но кантоните можат да ги чуваат, да ги продаваат во други земји или да ги донираат, можеби во земјите во развој.

Секој респиратор чини десетици илјади долари, а Швајцарија соопшти дека од 900 респиратори доставени до 24 јуни, 261 биле чувани во воената медицинска служба, а 639 биле дистрибуирани до кантоните.

Тие велат дека уште 300 респиратори треба да пристигна до средината на август.

Владата наложи на воената медицинска служба да набави опрема бидејќи повторно нсе шири пандемијата.

Таа побара од парламентот да одобри повеќе од 2,5 милијарди швајцарски франци за таа цел, а потрошена е приближно една петтина од таа сума.

Набавката на заштитна опрема, медицински материјали и тестови сè уште трае, а извештајот за вкупната цена ќе биде објавен кога сè ќе заврши.