x

Швајцарија го затвори Кире, Македонија постигна само 10 гола во првото полувреме

mkd

Македонската репрезентација по првото полувреме против Швајцарија на гости во рамките на второто квалификациско коло, има големи проблеми, резултатот е 10-10. По феноменалната партија на капиенот Кирил Лазаров против Финска, беше повеќе од доволна за да Швајцарија го затвори нашиот најдобар ракометар, па нападот одеше доста тешко.

Дефинитивно фали и Дејан Манасков, иако засега крилата не се проигруваат премнигу. Имавме бројни промашувања, но некако успевавме да се организираме до пред крајот на првото полувреме. Митревски имаше шест интервенции, Кире два гола, Стоилов четири.

Тука беше Никола Митревски на голот да го поправи она што не чинеше, а одбраната варираше особено во воведните 15. минути. И покрај овие мани, успеавме да одржуваме предност од еден до два гола (2-4, 5-7, 6-8 и 7-9), не користевме чисти шанси истата да биде и поголема, поточно три плус.

Швајцарците ги искористија нашите грешки и бледот напад, имавме играч помалку, со серија од 3-0 за првпат поведоа со 10-9 на минута до крајот на полувремето, на кое заминавме со 10-10 благодарение на Лазаров.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата