Арнолд Шварценегер учествуваше во кампањата на социјалните мрежи за останување дома во самоизолација. На почеток сподели едно видео на кое што се гледа тој во друштво на неговите домашни миленичиња а потоа советуваше дека сите треба да вежбаат за да останат во форма.

Сега протагонистот од Терминатор се врати на социјалните мрежи со видео порака додека се возеше со велосипед: Докторите прифаќаат дека возењето велосипед надвор од дома влијае добро, овој е единствениот начин да се излезе од дома, вели актерот повикувајќиги сите да држат растојание, а им честита и на оние кои ги оставиле патиштата празни со тоа што седат дома.

Но, како што изгледа Шварци неможе да издржи многу време дома. Тој бил фотографиран додека се вози со неговиот мотор во Малибу, игнорирајќи ја државната наредба на Калифорнија, за самоизолација.