Во многу земји има казна за прељуба, но во Северна Каролина – САД, ова може да биде сериозен и многу скап прекршок како што неодамна тоа го разбра извесен Франческо Хуисар, кој сега мора да му плати 8,8 милиони долари на измамениот и малтретиран сопруг чија жена 16 месеци била во сексуална врска со прекршителот Фраческо Хуисар. Судот пресудил дека толку треба му се плати на оштестениот сопруг Кита Кинг, а веста е до толку битна што ја пренесе и американската телевизија Си-Ен-Ен.

Џоан Фојл, адвокатот на оштетениот Кинг изјави дека нејзиниот клиент има комапнија која ја води и откако дознал дека неговата сопруга Данијел Сорд извршила прељуба со друг маж не бил во состојба нормално да работи, фирмата имала голема загуба а патем загубила и вработен, а тој вработен е сопругата на измамениот Кинг која добила отказ.

Инаку неговата сопруга Денеил Сорд и швалерот Франческо Хуисар се сретнале на мото митинг и почнале сексуална врска пет години откако таа стапила во брак. 

И сето ова како последица на законите во Северна Каролина каде и законски се смета за нелегално да се измами со прељуба брачениот другар и измамениот има право да го тужи лицето со кое извршило неверство. Технички, правниот термин за тоа е отуѓување на наклонетост. Ваков закон од Јужна Каролина не е единствен во САД, постои и во Хаваи, Ново Мексико, Јужна Дакота и Јута.

Исто така во Јужна Каролина е познат и случајот од 2011 година, кога на извесна Бети Девин и било пресудено да плати 30 милиони долари отштета на Керол Пурјир, по сексуалната афера која таа ја имала со нејзиниот сопруг Доналд Пјурјир.

Швалерацијата знае да биде навистина скапа работа, затоа што и да правите, подателу од Јужна Каролина