x

Шахтјор со голови во судиското продолжение стана шампион на Белорусија

Денеска се одигра последното коло во белорускиот шампионат, а нов првак е екипата на Шахтјор Солигорск. Пред одигрувањето на 30. коло БАТЕ беше лидер со 57 бода, а Шахтјор 56. БАТЕ не успеа да го победи Динамо Минск во гости. Одигра само 0:0, а екипата од Солигорск во драматичен меч славеше против ФК Минск со 4:2. Иако два пати губеше играчите на Солигорск победија благодарение на два гола во судиското продолжение на натпреварот (92 и 99 минута).

Инаку ова е втора шампионска титула за Шахтјор и прва после пауза од 15 години.

Со тоа заврши најгледаниот фудбалски шампионат за оваа година. Да потсетиме додека секаде имаше прекин на првенството Белорусите играа фудбал со публика на стадионите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата