Денес, уште една бомба одекна во јавноста во која граѓаните можат да го слушнат генералниот секретар Игор Јанушев во разговор со Миле Јанакиевски како се заканува дека цитирам „ќе и удрел бокс во фаца“ на жена од општинскиот комитет, изјави на прес-конференција, Јагода Шахпаска носителка во ИЕ 3.

„Огромно лицемерие стои и зад нивниот слоган „Исправи се“ затоа што секојдневно потврдуваат дека зад маската која ја носат стои понижувачки, недоличен ,неодговорен однос кон граѓаните ,а со последната бомба и демонстрирање на родово насилство. И не само тоа , дури и во своите партиски редови ВМРО-ДПМНЕ не почитува родова еднаквост,а со тоа не ги почитува жените , како еднакви и рамноправни на мажите. И наспроти ова лице на ВМРО-ДПМНЕ стои СДСМ и коалицијата која работи,дејствува и се бори против сите форми на насилство врз жените. Парламентарното мнозинство на СДСМ и коалицијата донесе нов Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство коишто за првпат е целосно усогласен со елементите на истанбулската Истанбулската конвенција“, изјави Шахпаска.

Таа додаде дека СДСМ ветил и остварил, родова еднаквост во партијата, 50-50 застапеност на жените во политиката, а тоа го потврдуваат и двојните носители на листи за претстојните избори.

извор: Makfax