Шаторите од Еврокампот, најатрактивни
За Евровизијата во Киев е пополнет целиот капацитет, а досетливиот организатор се погрижи шаторскиот Еврокамп да биде готов. Засега се обезбедени 4700 места под шатори, и иако има интерес од над 10.000 посетители, главно новинари и евровизиски фанови, кампот е во состојба да прими околу 5000. Ваквото решение и единствен излез за Киев во овој период, кога веќе нема место каде што игла да падне. (Ва.Ѓ.)